Македонија меѓу 10 најжешки туристички дестинации

Bez autora
Dec 22 2010

Македонија е рангирана меѓу десетте најжешки туристички дестинации, кои би требало да бидат посетени наредната година, според американскиот магазин Бизнис. Македонија долго не беше во фокусот како туристичка дестинација. Главниот град Скопје има извесен отомански шарм, а Охридското Езеро е дестинација за која од туристите стигнуваат само пофалби во суперлатив - пишува Бизнис, потенцирајќи ја убавината на православните цркви со кои е опкружено езерото. Прекрасниот Охрид нуди одлична храна и забава за туристите. И Скопје и Охрид имаат свои аеродроми кои се менаџирани од турскиот оператор ТАВ, додава магазинот во декемвриското издание. Меѓу останатите дестинации кои се препорачуваат се Флоријанополис во Бразил, белгискиот град Антверпен, Колумбија, Алжир, сириската престолнина Дамаск, Шри Ланка, Брасиликана во Италија, Чикаго и Тајван.

Македонија меѓу 10 најжешки туристички дестинацииМакедонија е рангирана меѓу десетте најжешки туристички дестинации, кои би требало да бидат посетени наредната година, според американскиот магазин Бизнис", дел од мрежата на американската телевизија Си-Ен-Би-Си.

- Македонија долго не беше во фокусот како туристичка дестинација. Главниот град Скопје има извесен отомански шарм, а Охридското Езеро е дестинација за која од туристите стигнуваат само пофалби во суперлатив - пишува Бизнис", потенцирајќи ја убавината на православните цркви со кои е опкружено езерото.

Прекрасниот Охрид нуди одлична храна и забава за туристите. И Скопје и Охрид имаат свои аеродроми кои се менаџирани од турскиот оператор ТАВ, додава магазинот во декемвриското издание.

Меѓу останатите дестинации кои се препорачуваат се Флоријанополис во Бразил, белгискиот град Антверпен, Колумбија, Алжир, сириската престолнина Дамаск, Шри Ланка, Брасиликана во Италија, Чикаго и Тајван.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik